Денес Hibrid.info ја покрена платформата "Checkos" која има за цел да обезбеди основни вештини за професионалните стандарди и за етичкиот кодекс на новинарството. Оваа платформа е покрената во рамките на проектот за медиумско образование и е достапна преку линкот www.checkos.info
Оваа платформа содржи библиотека на статии кои им се достапни на граѓаните за да го проверат нивното знаење за професионалните стандарди и за етичкиот кодекс на новинарството, како и водич за нив. Платформата ќе служи како образовен простор, каде што корисниците не само што се тестираат, туку и нудат основни вештини во проценката на вестите.
Целта на "Checkos" е преку употребата на оваа апликација граѓаните да го идентификуваат своето ниво на знаење за новинарските статии, како и за информациското пореметување, кое секојдневно го консумираат различни медиуми на Косово.
Појавата на информациското пореметување е предизвик со кој се соочува целиот свет, што доведе до намалување на довербата на граѓаните во медиумите. Ни Косово не е подобро, каде што експлозијата на новите онлајн медиуми ги намали стандардите на професионалното известување. Hibrid.info секојдневно ги идентификува и укажува на неквалитетните статии кои ги објавуваат бројните медиуми на Косово.
Меѓутоа, креаторката на оваа апликација, Gentiana Paçarizi, вели дека преку Checkos заземала поинаков пристап, не обвинувајќи ги медиумите, туку зајакнувајќи ја публиката.
"Преку Checkos, ние сакаме да и дадеме на публиката основни вештини за разликување на професионалните и на непрофесионалните вести. Кога публиката ќе биде подготвена да ги примени овие вештини, ќе се види дека ќе дојде до зголемување на поддршката на професионалните медиуми на кои навистина им треба време за да ги информираат граѓаните. Поголем дел од вината за моменталната состојба на медиумскиот простор е кај граѓаните затоа што, во отсуство на медиумски вештини, тие не ги оспоруваат информациите кои ги консумираат преку критички осврт. И се разбира, медиумите ја следат публиката и се создава еден маѓепсан круг кој е тешко да се прекине".
Целата работа на подготовка на Checkos ја надгледувала група на експерти кои ја покриваат областа на медиумите на Косово, вклучувајќи ја и академската заедница, медумите и (само) регулаторните совети на медиумите.
Основачот на платформата за утврдување на фактите, Hibrid.info, Shkëlzen Osmani го смета "Checkos" за комплементарна алатка покрај тековната работа на оваа платформа во борбата против непрофесионалните статии и лажните вести.
"Освен идентификувањето на лажните или лажно прикажаните вести, што секојдневно се работи во Hybrid, Checkos е комплементарен затоа што се обидува да отстрани дел од товарот од посебните тела во овој ангажман и да го пренесе на самите читатели", заклучува Osmani.
Paçarizi од друга страна додава дека резултатите добиени со оваа апликација ќе им послужат на заинтересираните страни во оваа област јасно да ги видат итните подрачја за интервенција.
“На Косово податоците за степенот на образование на граѓаните за медиумите се ретки, можеби и непостоечки. "Checkos е осмислен на таков начин да е практичен за сите и произведува податоци за корисничките перформанси врз основа на возраста, полот, образованието и на географската локација", вели Paçarizi, додавајќи дека овие податоци можат да дадат пореална слика за состојбата на нашето општество во однос на критичката медиумска потрошувачка.
Платформата е во пилот фаза на Косово и наскоро ќе биде во форма на телефонска апликација за корисниците на iPhone и на Android.
Checkos е резултат на регионалниот натпревар на Media Innovation Lab, поддржан од страна на Балканската програма за поддршка на медиумите (БМАП), УСАИД, а го имплементира Internews во Босна и Херцеговина.