Instagram и сите нови промени

04.04.2022. / 10:13

Instagram е несомнено една од оние апликации што се развиваат со голема брзина, па не ни стигнувате да се навикнете на користењето на некоја опција а веќе доаѓаат промени. Иновациите, редовните ажурирања и новите функции на Instagram гарантираат дека ниеден момент нема да биде пропуштен.  

Од приказни во вистинско време до вести, слики и видеа, Instagram несомнено е платформа на која можете да дознаете и да пласирате различни типови на содржини. Со порастот на форматот Reels, целата Instagram апликација доби уште поголемо значење. Овозможувајќи им на корисниците/чките на Instagram да се прикажат на единствени и различни начини, во најголем дел преку видео, Instagram придонесе за тоа ние денес да ја гледаме оваа апликација тотално различно од изворната апликација за споделување на фотографии.

Затоа, не е ни чудо што со сите иновации, компаниите, медиумските куќи и јавните личноститрчаатна Instagram за да дојдат директно до публиката. Instagram е навистина една огромна платформа која повеќекратно може да им биде корисна на медиумите.

Во продолжение ви претставуваме некои од најновите ажурирања, кои можеби и сте стигнале да ги употребите, а некои можеби и не.

Модерирање на Live преносите

За искуството да биде попрофесионално и поорганизирано, новата функција на Instagram му/ѝ овозможува на корисникот/чката да назначи модератор за неговиот/нејзиниот Live. Модераторот ќе може да пријави коментари, да отстрани гледачи/ки од преносот како и да исклучи коментари од определен/а гледач/ка. Оваа нова функција ќе му помогне на Instagram да биде на исто ниво со YouTube каде што модерирањето во живо стана сосема вообичаена работа. Ова е исто така прилично потребна функција затоа што троловите и говорот на омраза во коментарите имаат тенденција да растат за време на сесиите во живо.

Многу е едноставно да се додаде модератор. Едноставно допрете ги трите точки во лентата за коментари за време на преносот во живо и од таму можете да одберете модератор од листата на предложени налози. Исто така можете да ја користите лентата за пребарување за да барате определен налог.

Подобрени ознаките за креаторите

Instagram во март покрена подобрени ознаки за на креаторите да им го олесни добивањето на заслуги за нивната работа. Новите функции како оваа им помагаат на новите креатори да ги забележи и да ги открие сѐ поголемата заедница. "Подобрените ознаки овозможуваат категоријата на профилите на авторите кои сам ги одредил на нивните професионални налози да се прикажува во нивната ознака за луѓе, така што луѓето можат да споделуваат и да го видат специфичниот придонес на креаторот на фотографијата или на видео објавата." – изјавија од Instagram.

Ниту оваа функција не е тешко да се додаде. Едноставно отворете ја Instagram апликацијата и допрете на (+) во горниот десен агол за да креирате објава. Откако ќе ги додадете сликите или видеозаписите, завршете ги сите креативни промени и притиснете Следно. Можете да напишете натпис и еднаш да допрете "Означи ги луѓето". Изберете "Додади ознака" и изберете соработници. Допрете 'Прикажи ја категоријата на профилот' за да се прикаже категоријата на креатори. Допрете Готово за да завршите и потоа споделете.

Титлување

За важноста на инклузивните видеозаписи пишувавме во неколку наврати. А со оглед на тоа дека голем број на видеа се наоѓаат и се креираат на социјалните мрежи, компаниите треба да имаат поголема емпатија и да пронаоѓаат нови и покреативни решенија, за видеозаписите (и другите содржини) да бидат достапни и за лицата кои едноставно не можат да го гледаат или да го слушаат материјалот на тие социјални мрежи.

Затоа е за пофалба што Instagram постави функција која на лицата со оштетување на слухот ќе им овозможи да вклучат титлови за гледање на видеозаписите.

Со помош на оваа функција на Instagram, сите видеозаписи на feed-от ќе имаат можност за додавање на автоматски генерирани титлови на 17 јазици. Исто така постои и опција да се исклучи. Оваа функција му помага на Instagram да биде на исто ниво со TikTok, кој оваа функција ја претстави во пролетта 2021 година.

За жал меѓу овие 17 јазици нема ниту еден од говорното подрачје на Западен Балкан, но како што наведуваат во нивното соопштение, се планира да се додадат уште јазици.  

Приказни (Stories) на вашиот Reels

Нема да биде претерано ако кажеме дека Reels-овите доминираат со денешниот Instagram feed. Reels со слики, со видеозаписи или со мешавина од двете со синхронизиран звук во позадина, reels-овите навистина ги поставуваат трендовите и ве тераат веднаш да посакате да ги испробате.

Дали знаевте дека можете да направите Reels-ови од вашите Instagram приказни и тоа многу едноставно. Кликнете на означената приказна и кликнете на "Креирај" во долниот лев агол. Потоа можете едноставно да додадете звук и во согласност со тоа да ги синхронизирате сликите за да ги креирате најфантастичните Reels-ови од вашите приказни.

Ова не е ограничено само на сликите што се прикажани во highlight одделот. Корисниците/чките можат да ги отстранат и да додадат други слики за да ги направат уште покреативни.

Планирајте ја вашата активност

Целта на оваа функција е корисниците/чките на Instagram на едно место да ги проверуваат и да управуваат со нивните активности.

"Луѓето сега ќе можат групно да управуваат (да бришат, да архивираат) со нивната содржина (објави, приказни, IGTV и Reels) и со нивните интеракции (коментари, лајкови, реакции на етикетите на приказните, итн.)", се вели во официјалната изјава на Instagram. Исто така, оди чекор понатаму и им овозможува на корисниците/чките да ги пребаруваат претходните коментари, лајкови и одговори на приказните од определени временски периоди. Опцијата се наоѓа во десниот горен агол на вашиот профил, со наслов Ваша активност“.

sa

Распореди за снимање во живо

За максимално да се зголеми ангажманот на публиката, Instagram во јануари 2022 година воведе нова функција не само за планирање на Live-овите, туку и за креирање на приказни и feed-ови.

Планираните Live-ови исто така ќе се појавуваат како значки на профилите на креаторите, под нивната биографија. Заинтересираните пријатели/ки и посетители/ки ќе можат едноставно да кликнат на значките за да се претплатат на потсетниците во живо.

Инстант претплати

Заработката сега зависи исклучиво од содржината наместо од досегот или од бројот на следбеници/чки.

Функцијата носи три различни типови на содржина. Првиот во живо е специфичен за претплатниците кои на авторите им овозможуваат емитување во живо само за нивните претплатници/чки. Овозможува на пошироката публика да ја види содржината и им дава поттик на следбениците/чките да се претплатат и да имаат пристап до ексклузивна содржина. Второ, претплатниците/чките ќе добијат приказни што се објавени само за нив. Виолетовиот прстен им покажува на претплатниците/чките дека содржината е за ексклузивно гледање. И трето, самите претплатници/чки добиваат виолетови значки кои ги издвојуваат во DM и во коментарите на креаторите.

Шефот на Instagram Adam Mosseri објави во јануари дека оваа функција е наменета само за определени креатори во САД, но дека компанијата работи на тоа оваа функција да биде глобално достапна.

Како и оваа, и некои други функции можеби сѐ уште не стигнале кај нас, но тоа не значи дека нема да стигнат наскоро. Со вака голема брзина на промени што се случуваат, несомнено е дека тие се на чекор до нас. Знаејќи за овие промени однапред, медиумите можат подобро да се подготват за моментот кога овие можности ќе станат достапни и на нашето географско подрачје.

Ocijenite kvalitet članka