Што е медиумска конвергенција

24.05.2022. / 15:54

Терминот "конвергенција" често се користи за да се опише соработката помеѓу технологијата, медиумите и информациите што ги менуваат општествата ширум светот.

Конвергенцијата се дефинира како меѓусебно поврзување на компјутерската со информациската и комуникациската технологија, комуникациските мрежи и медиумски содржини што се случило со развојот и популаризацијата на интернетот и конвергентните производи, услуги и активности кои се појавиле во дигиталниот медиумски простор.

Конвергенцијата на медиумите се дефинира како форма на соработка помеѓу медиумите, најчесто вклучувајќи ги радиодифузијата, печатот, фотографијата и интернет страниците.

ACMA ја дефинира медиумската конвергенција какофеномен во кој дигитализацијата на содржината, како и стандардите и технологиите за пренос и презентација на дигиталната содржина, ги замаглуваат традиционалните разлики помеѓу емитувањето и другите медиуми во сите елементи на снабдувачкиот синџир, за создавање на содржина, групирање, дистрибуција и публика“.

Според Gragam Meikle и Sherman Young конвергенцијата може да се разбере преку четири димензии:

  • Технолошка комбинација од информатика, комуникација и содржината околу вмрежените дигитални медиумски платформи;

  • Индустриска ангажманот на етаблираните медиумски институции во дигиталниот медиумски простор и подемот на дигитално заснованите компании како што се Google, Apple, Microsoft и други значајни провајдери на медиумски содржини;

  • Социјална подем на медиумите на социјалните мрежи како што се Facebook, Twitter и YouTube и растот на содржината креирана од страна на корисниците/чките;

  • Текстуална повторна употреба и повторно мешање на медиумите во она што се нарекуватрансмедиумскимодел, каде што приказните и медиумските содржини (на пример, звуци, слики, пишан текст) се расфрлани низ повеќе медиумски платформи.

Оваа форма на новинарство бара од новинарот/ката да биде вешт/а во повеќе од една дисциплина. На пример, конвергенциски/а новинар/ка може да напише статија за весникот и да креира мултимедијален пакет за истата приказна и сето тоа во еден ден. Конвергенциското новинарство, исто така, додава повеќе елементи и детали на приказната со користење на повеќе од еден формат за раскажување.

Денес, кога ќе отидете на било кој веб портал на медиумот за да прочитате некоја статија, голема е веројатноста дека во самата статија ќе пронајдете видео исечок, фотографии и инфографика, во зависност од темата. На читателот/ката му/ѝ е многу попривлечно да гледа слики и видеозаписи при прегледување на статијата.

Мултимедијата како предуслов за конвергенција

Колешката Irena Omazić претходно пишуваше за тоа што мултимедијалното новинарство значи за работата на новинарот/ката, наведувајќи дека денес преку 50% од луѓето во светот користат интернет, што е јасен показател дека и медиумите морале да се приспособат на околностите. Овие промени влијаеле и на образованието на новинарите/ките.

Овој тип на новинарство ги прави новинарите/ките повешти и поспособни во различни видови на медиуми. Затоа денес новинарите/ките се експерти/ки и за телевизиско новинарство, како што се и за весниците и за онлајн медиумите. Ако не се, тие пропуштаат прилики и можности за да најдат работа или остануваат ограничени со многу малку можности.

Всушност конвергенцискиот медиумски пристап се базира на принципите на раскажување, не само на специфичните технички практики и на тој начин им обезбедува на новинарите/ките приспособливи вештини кои се потребни и за пишување и за известување преку големиот број на алатки што постојат.

Развојот на технологијата и конвергенцијата на медиумите го променија начинот на генерирање на содржина и нејзина дистрибуција. Денес секоја медиумска куќа има нејзини дополнителни канали за комуникација и за дистрибуција на вести преку социјалните мрежи. Социјалните мрежи овозможија дополнително лансирање на програми во живо кои на публиката ѝ обезебдуваат автентичен пристап и пристап до вестите во реално време. На овој начин корисниците/чките ги добиваат актуелните вести преку конвергенција на новата технологија.

Глобализацијата на медиумските платформи, содржини и услуги исто така е критична карактеристика на конвергентното медиумско окружување. Иако како појава не е нова, преку интернетот и проширувањето на пристапот до интернет со воведувањето на 5G мрежата ширум светот, се зголеми и досегот и пристапот до информациите.

Корисник/чка на содржина = креатор/ка на содржина

Важен исчекор во медиумите што е поврзан со конвергенцијата е порастот на содржината која е креирана од корисниците/чките и промената во природата на корисниците/чките на медиумите од публика во учесници/чки и креатори/ки на вести.

Charles Leadbeater и Paul Miller ваквите трендови ги нарекле 'про-ам револуција' во која алатките за разбирање на содржината стануваат поевтини и поедноставни за користење, со што се замаглува разликата помеѓу 'аматери' и 'експерти'.

Професорот Henry Jenkins од Универзитетот од Јужна Калифонија го опиша односот помеѓу медиумската конвергенција и зајакнувањето на корисниците/чките и импликациите на традиционалните медиумски организации: „Конвергенцијата бара од медиумите да ги преиспитаат старите претпоставки за тоа што значи да се консумираат медиумите, претпоставки кои ги обликуваат и програмските и маркетиншките одлуки. Ако се претпоставувало дека старите потрошувачи се пасивни, новите потрошувачи се активни. Ако старите потрошувачи биле предвидливи и останале таму каде што сте им кажале да останат, тогаш новите потрошувачи мигрираат, покажувајќи сѐ помала лојалност кон мрежите или медумите. Ако старите потрошувачи биле изолирани поединци, новите потрошувачи се повеќе социјално поврзани. Ако работата на медиумските потрошувачи порано била тивка и невидлива, сега нивните потрошувачи се гласни и јавни.“

Сето ова значи дека медиумите, користејќи ги принципите на раскажување, мораат да најдат нови начини за создавање на нивна заедница со која ќе работат заедно при креирањето на содржините и создавањето на медиумско окружување што сакаат да го користат и во кое сакаат континуирано да придонесуваат.

Ocijenite kvalitet članka