Associated Press Stylebook: Сите одговори за стилот на пишување кои некогаш ви биле потребни (и кои не знаете дека ви биле потребни)

03.06.2022. / 08:00
Автор/ка
Share
poif
poif

Дали се пишува e-mail или email? Дали да ставиме точка во наводницитекако овде.” или интерпункциските знаци да ги оставиме надвор од наводниците”? Пишуваме ли интернет или Интернет?

Ако имаме стотици објавени текстови и ги мешаме овие правила, дали тоа е прифатливо?

На овие и на илјадници слични прашања одговара Associated Press Stylebook-от.

Како правилно да се користи јазикот во медиумите?

Содржината на весниците и на другите масовни медиуми обично е резултат на работата на многу различни писатели/ки, новинари/ки и уредници/чки. Целата оваа содржина треба да има нешто заедничко (освен медиумот во кој е објавена) а тоа е начинот и стилот на презентацијата. “Associated Press Stylebook-отго нуди токму тоа, упатства за граматиката, за правописот, за интерпункцијата и за употребата на јазикот.  

Како што наведуваат на нивната веб страница, некои од водечките принципи што се наоѓаат зад AP стилот се:

  • доследност

  • концизност

  • вистинитост

  • должина

Associated Press Stylebook-от е водич за прашања како што се големи букви, кратенки, интерпункција, правопис, бројки и многу други прашања за употребата на јазикот, но има за цел и да ги избегне стереотипите и микроагресијата (ненамерно навредлив јазик).

Зарем правописот на нашиот јазик не е поедноставно решение?

Не е, а еве и зошто. Правописот е збир на правила со кои се определува начинот на пишување на  некој јазик. Правилата во правописот не го следат развојот на пазарот и потребите на медиумите и на читателите. Промените се побавни. Правописот е само еден дел од помошта што е потребен за креирање на содржина.

AP Stylebook-от се занимава со помала група на писатели: со оние кои создаваат весници или списанија и со писателите кои се занимаваат со односи со јавноста и со информативни содржини. Затоа ни се потребни малку поопширни правила како помош во пишувањето.

Во медиумите е потребен поширок пристап кон правилното пишување и кон стилот отколку во самиот правопис. Јазикот на медиумите не се сведува само на правопис и на граматика. Правилата за пишување подразбираат дека во медиумот нема дискриминација, дека нема стереотипи и дека подеднакво се третираат сите групи (и оние маргинализираните), а овие препораки не можеме да ги најдеме во правописот. Пример за слични правила е и COVID-19, климатските промени, родовата еднаквост.

Зошто е стилот на пишување важен и потребен?

Во вообичаените, секојдневни околности одговорот на ова прашање треба да биде за да имаме во медиумот поуредна, конзистентна содржина која потоа полесно се презентира. Покрај тоа, со текот на времето стилот на пишување на содржини станува дел од брендот што го развива медиумот. Сѐ ова се делчиња кои влијаат на довербата на читателите и на спонзорите.

Денес правописот е поголем предизвик од било кога. Употребата на странски термини, несоодветни преводи или непостоечки преводи на поединечни зборови (како што е backstage) го усложнуваат приспособувањето на јазикот за читателите.

Во вонредни околности, како што е COVID-19 пандемијата, се сретнавме со голем број на нови термини кои им се непознати и на читателите/ките и на новинарите/ките. Помош во форма на упатства за правилно користење на поимите ни претстави Associated Press во неговата “Книга на стилови.”

Овој водич не е доволен за новинарите/ките целосно да се запознаат со темата и да известуваат за неа, но во него ги има сите термини чие разбирање влијае на квалитетот на известувањето.

Со новите технологии секојдневно во јазикот се воведуваат нови термини за кои немаме слични примери во граматиката. За да не избираме произволно и да користиме термини кои сѐ уште не се дефинирани во граматиката, корисно е да се има авторитативен извор кој им дава насоки на сите што се на терен.

Некои примери на овие нови зборови вклучуваат: tweet или Tweet, веб страница, веб-страница или вебстраница.

Треба ли новинарите/ките да го познаваат AP стилот?

Ако сте новинар/ка, одговорот е да, би било добро. Како и многу други вештини, познавањето на мултимедија, пишувањето за веб, SEO оптимизацијата на содржини а потоа и прецизното пишување ја зголемуваат конкурентноста на новинарите/ките на пазарот на трудот.

Многу медиуми имаат уредници/чки кои се грижат за конзистентен стил на пишување. Локалните и специјализираните медиуми кои не можат да си дозволат уште една позиција во медиумот и тоа онаа уредничката, потребни им се новинари/ки со познавање на AP стилот.

Добро да се пишува и правилно да се пишува е можно доколку се придржувате на некои правила. AP стилот може да биде корисен извор за оние кои сакаат јасно и прецизно да пишуваат за медиумите. Помалку е важно за каков тип на медиум станува збор ако вештината на пишување на новинарот/ката е избрусена.

Заклучок

Книгата на стилови на Associated Press вели дека треба да користиме наводници за насловите на:

  • книги

  • песни

  • телевизиски емисии

  •  компјутерски игри

  • предавања

  • говори

  • уметнички дела.

Примери:

qfd 

oe

Не подвлекувајте или не пишувајте со курзив ништо од горенаведеното.

Ги прегледав моите постари текстови кои се објавени на Balkansmedia.org и проверив колку прецизно го користам јазикот. Намерно не кажувам колку прецизно пишувам.

Јас наводниците ги користев само ако цитирам некого, а италик (искосено или курзив) користам за имињата на статии и книги за визуелно да ги истакнам. Според Книгата на стилови на AP сето ова е погрешно.

И патем да ви кажам, се пишува email.

Ocijenite kvalitet članka