Дизајн на вестите: како со дизајнот да се постигне подобра читливост на вестите?

19.08.2022. / 08:35
Автор/ка
Share
dizajn vijesti
dizajn vijesti

Дизајнот на вестите е процес на распоредување на материјалот на страницата според уредничките и графичките насоки и цели.

Сите насоки и цели треба да доведат до еден резултат, а тоа е подобра читливост (readability) на вестите, без оглед на тоа колку реклами, текст и мултимедија има во нив.

Како дизајнот на вестите може да обезбеди подобра читливост?

Во декември 2020 година, дизајнерското студио на Anna Thurfjell е избрано да работи на реформа на сите дигитални платформи и на печатените весници на Mediatalo Keskisuomalainen за да се креира нов дизајн, изглед и впечаток, што ќе бидат лансирани во 2022 година.

Ова беше единствената реформа во историјата на финските медиуми.

Целта на проектот беше да се реформираат сите новински производи на Mediatalo Keskisuomalainen, повеќе од 60 веб страници и речиси 80 печатени весници во еден систем на дизајн.

Според зборовите на Anna Thurfjell:

Главната задача на реформата беше побрзо и подобро споделување на приказните. Тоа бараше нов вид на размислување, целосно нова градба, а не само реновирање.”

За да можат приказните побрзо и подобро да се споделуваат, потребни се неколку предуслови:

  • читателите/ките да можат лесно да дојдат до вестите

  • лесно да ја консумираат содржината

  • да го разберат прочитаното

  • да имаат опција за едноставно споделување или коментирање на вестите.

Што треба да направиме за да дојдеме до подобра читливост?

Поголема читливост не значи поголем фонт и помали параграфи. Постојат неколку елементи кои влијаат на ова, а не се текст.

Бел простор

Белиот простор е важен дел од комплетниот дизајн на страницата. Во печатеното издание на весникот, белиот простор често е однапред дефиниран со графичкото решение и нема големи отстапувања.

Кај њуз порталите приказната е сосема поинаква. Имаме десктоп и мобилна верзија на страницата, а нејзиниот изглед зависи од бројот на реклами што се прикажуваат. Бројот на реклами, а со нив и големината на белиот простор на веб страницата зависи од сезоната или од денот.

Како аргумент за повеќе бел простор на страницата на медиумот, Anna Thurfjell вели:

Особено на дигиталните платформи, белиот простор е важен за читачкото искуство. Ако има премногу работи околу текстот, читателот/ката може да биде незадоволен/а. Потоа ќе оди да чита на друго место.

Што сакале да порачаат со овие зборови? Ако веќе сте ја објавиле веста, дозволете им на луѓето да ја прочитаат таа вест. Не го покривајте панично белиот простор околу информацијата поради која луѓето дошле.

slika1

Во проектот за редизајн на финските медиуми Mediatalo Keskisuomalainen, според Thurfjell белиот простор е важен дел од целокупниот дизајн.

Типографија

Фонтот што го избираат медиумите мора да постигне две цели:

·       да биде лесно читлив и да зазема малку простор

·       да стане препознатлив знак за читателот/ката.

Многу медиуми не ги користат стандардните фонтови како што се Times New Roman или Verdana, туку работат со тим од дизајнери на создавање на сопствени. Фонтот е дел од брендот. Читателите/ките често според фонтот можат да препознаат за кој медиум се работи, без оглед на тоа каква вест читаат. Затоа посебниот пристап кон овој елемент е толку важен.

Експертите тврдат дека читливоста и дигиталната пристапност на фонтот зависи од неговата едноставност, јасната разлика помеѓу поединечните знаци и од просторот помеѓу знаците.

Новиот дизајн на вестите што го дизајнираше Thurfjell е полесен за читање од било кога досега, затоа што фонтот е сменет. Специфичноста на овој проект е финскиот јазик, кој е различен и не му одговараат сите фонтови.

slika2

Има многу долги зборови во финскиот јазик, што беше предизивик. Јазикот исто така е хармоничен и ритмичен. Беше многу интересно да се истражува за да се пронајдат тип на букви кои ќе ја подобрат читливоста, вели Thurfjell.

Во овој проект се тестирале неколку различни фонтови. Буквите мораа да функционираат и во печатените изданија и на екранот, од главниот текст до насловот.

Позиции на елементите

Не се сите елементи на една вест подеднакво важни. Ако ги набројуваме хиерархиски според важноста, насловот е секогаш прв, потоа се описите на фотографиите, поднасловите, цитатите. Ако сакаме подобра читливост, мораме да ги истакнеме овие елементи.

На сите нас ни е позната моќта на сликите во привлекување на вниманието. Дури и во научните и во специјализираните медиуми, очекувано е дека многу од читателите/ките прво ќе ги погледнат сликите, а потоа ќе побараат објаснување или контекст од насловот.

Описот под сликата е вообичаена практика на која читателите/ките се навикнати и ја очекуваат. Добра практика е да ја користите оваа навика, а да избегнувате да ставате опис на самата фотографија (што честопати можеме да го видиме во медиумите).

Позицијата на рекламите на страницата со вести е особено важен аспект на дизајнот.

Доколку целта на вестите е да овозможи што е можно повеќе реклами, добро би било преку аналитика да се следи однесувањето на читателите/ките на таа страница. Ако рекламите ја загрозат посетеноста на веб страницата, неопходно е да се најде подобар модел за користење на површината на рекламниот простор.

slika3

Убавите медиуми лесно е да се читаат

Со оглед на тоа што визуелните аспекти се многу важни за ангажирање на публиката, исто така е важно да обрнете внимание и на тоа како се појавува текстот на страницата. На тој начин медиумот може:

  • да им помогне на читателите/ките да ја разберат информацијата

  • да им го направи процесот на читање што полесен

  • да ги истакне клучните аспекти на текстот

  • да изгледа визуелно привлечно и да е во согласност со брендот.

Не е секогаш едноставно да се постигне читливост на секоја страница. Постојат компромиси што мораат да се постигнат. Понекогаш тоа е лесно, а понекогаш е неизводливо, па заедно со информациите за храна ги гледаме најлошите реклами за третмани на габични и кожни заболувања.

Работата на дизајнерот/ката на страницата со вести е да создаде медиум што ќе биде визуелно привлечен за читање, за да ја натера публиката да сака да прегледа повеќе и да прочита повеќе. Во оваа работа спаѓа и создавањето на визуелно привлечни наслови и внимателно избирање на фотографии кои ја надополнуваат приказната.

Медиумот што е посветен на транспарентното новинарство, веројатно ќе обрне внимание на тоа како е спакувана содржината.

Организациите кои вложуваат повеќе време, повеќе напор и ресурси во нивното новинарство, ќе вложат пропорционален напор во организирањето на таа работа, правејќи ја достапна, наместо да ги остават работите на страна, вели дизајнерот на фонтови Tobias Frere-Jones. 

Ocijenite kvalitet članka