GIS и мапите во новинарството: Алатка која ѝ помага на публиката да ги види и да ги разбере информациите

13.05.2022. / 10:18
Автор/ка
Share
mape
mape

Како читателите/ките денес можат да дојдат до информации за воените злосторства во некое мало село во источна Босна?

Лесно.

Денес тоа е лесно затоа што постои интуитивна, интерактивна и едноставна мапа на процесуирани воени злосторства на Балканот. Не мора да пребарувате бази на податоци што содржат десетици илјади документи.

Што се мапи во новинарството?

GIS е кратенка за Географски Информациски Систем, а мапата е визуелен приказ на мерливите податоци. Во споредба со традиционалните мапи, GIS мапата е динамична и интерактивна. Таа може да открие претходно невидливи промени, да ги истакне и да ги прикаже промените со текот на времето.

Earth Observing System наведува дека “GIS мапата обично ги претвора геопросторните податоци од реалниот свет во шарени примероци или форми. Со тоа се забрзува обработката на информациите, што доведува до побрзи и подобро информирани одлуки.”

Со помош на оваа технологија  се визуелизираат различни видови на статистики, вклучувајќи ја побарувачката за производ или за услуга, демографски и историски факти и многу други податоци.

Причините зошто мапите во новинарството се добра алатка за презентирање на информациите е визуелизацијата на податоците врз основа на кои:

  • носиме подобри одлуки,

  • подобро го разбираме влијанието на некоја појава,

  • подобро го разбираме влијанието на настаните врз околината.

Мапите во медиумите на Балканот

Како со помош на мапа подобро да се разбере влијанието на некоја појава, се обиде да одговори BIRN со базата на податоци наречена Мапирање на омразата. Говорот на омраза со децении е секојдневна појава во јавниот простор на Балканот. Не се избира жртва, се избираат околности во кои омаловажувањето и дискриминацијата на определена група ќе создаде најдобар ефект.

das

Специфичноста на оваа мапа се изворите на податоци кои ја сочинуваат мапата, а тоа се дневните вести од определени медиуми. Со оваа мапа, дневните вести на кои се изложени граѓаните се ставени во географски контекст и прецизно илустрираат како нешто ќе влијае врз луѓето во локалната заедница.

Зошто токму дневните вести се толку важен извор на информации за изработка на мапите?

Затоа што граѓаните секојдневно се изложени на говор на омраза, но честопати не се свесни за тоа. Затоа не се ни свесни ниту за влијанието ниту за количината на такви информации на кои се изложени со текот на времето.

Уште еден пример за мапа која е интерактивен приказ на историските факти на Балканот е мапата на пресуди за воени злосторства. Ова е интерактивна алатка која ја дизајнирала Балканската истражувачка мрежа за да обезбеди преглед на судските пресуди за злосторствата извршени за време на воените судири во поранешна Југославија во 1990-тите.

На Balkaninsights се наведува дека мапата ги содржи сите правосилни пресуди за воените злосторства кои се изречени од националните судови во Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово и Србија, а кои се јавно достапни. Исто така, ги вклучува пресудите на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (ICTY) со седиште во Холандија како и случаите во кои обвинетите починале во текот на судењето пред ICTY.

Пресудите, кои сега веќе се историски факти, во оваа мапа создаваат интерактивна приказна која корисникот/чката на мапата може да ја проучи во зависност од неговите/нејзините афинитети. Истражувајќи ги слоевите на информации од голема географска област може лесно да се разбере секоја информација, нејзиниот контекст и времето кога настанала. Покрај визуелната едноставност што ја нуди мапата, филтрите со чија помош се пребаруваат огромен број на податоци, му/ѝ овозможуваат на читателот/ката едноставен пристап до голема база на податоци.

dad

 

Зошто мапите во новинарството се важна алатка

Во медиумите веќе одамна има тренд циклично да се известува за некои појави. Тие имаат свој распоред. Се менуваше медиумската слика, населението, условите на пазарот но овие појави ниту се менуваа ниту исчезнаа. Зборуваме за говорот на омраза, за дискриминацијата, за микроагресијата.

За да бидеме повеќе свесни за количината и за зачестеноста на таквите информации, ќе помогнат GIS и мапите. Како конкретно можат да помогнат мапите во новинарството?

Читателите/ките полесно разбираат

Сите податоци што се наоѓаат на мапата, претходно постоеле како табела во Excel или во некој друг отворен формат. Ваквиот формат на податоци не му/ѝ е близок на просечниот/та читател/ка и гледач/ка на денешните медиуми. А податоците ја губат важноста ако читателите/ките не можат да ги разберат резултатите на анализите или нивната релевантност.

Затоа мапите носат јасност и релевантност (пред сѐ геопросторна) затоа што публиката може да го пронајде и да го разбере податокот што е поврзан со нивната локална заедница.

Мапите помагаат да се види она што инаку не можеме да го видиме

Моќта на мапите во новинарството е што тие веднаш даваат контекст и им помагаат на луѓето да разберат. Мапите можат да прикажат детали што не би биле видливи во низите на редови и колони. Имаме пример во мапата Мапирање на омразата, која заедно со податоците содржи и фотографии од местото на настанот, придружни информации за инцидентите и за нивното решавање.

dwdf 

Мапите можат да ни помогнат да разбереме зошто работите се случуваат таму каде што се случуваат, бидејќи тие често поврзуваат каде и зошто.

Тоблеровиот закон и медиумската слика на Балканот

Принципот што често се споменува во географијата е дека 80% од сите податоци може да се концентрираат на просторот.

Првото правило на географијата, познато како Тоблеров закон (според големиот американско-швајцарски картограф и географ Wald Tobler) гласи: " Сѐ е поврзано со сѐ, но блиските нешта се повеќе поврзани една со друга."

Со овој закон, новинарот/ката може да истражува зошто определени шаблони се случуваат во определени области, а читателите/ките полесно ќе разберат колку определени појави влијаат на квалитетот на нивниот живот.

Ocijenite kvalitet članka