Како да ја зголемите слушаноста на аудио подкастите преку социјалните мрежи

31.05.2022. / 08:05

Платформите како Instagram, Facebook и Twitter дизајнирани се така за да може да се користи текст, слика или видео. Дизајнирани се на тој начин за корисниците/чките да можат да ги отворат и да ги користат каде и да се наоѓаат, а нивната специфичност ја прават токму визуелно привлечните содржини. Многумина денес ги гледаат содржините на социјалните мрежи без звук, а за тоа сведочат податоците од истражувањата, кои велат дека дури 85% од активностите се одвиваат со исклучен звук.

Овој факт може да загрижи многумина од креаторите на содржини кои се свртеле кон создавање на подкасти.

Социјалните медиуми бараат внимание и интеракција со визуелните ефекти, а подкастите се дефинитивно ослободени од истите.

Од друга страна, предноста на подкастот како медиум е во тоа што публиката може да се занимава и со други содржини додека го слуша подкастот.

Меѓутоа, она што е предизвик за подкастерите/ките е ангажманот и доаѓањето до публиката преку социјалните мрежи. Публиката која бесцелно скрола по социјалните мрежи, сигурно не размислува во насока да оди да бара содржина што ќе ја слуша а која трае 20 минути и повеќе.

Иако публиката што ги следи подкастите се зголемува од година во година, тоа не значи дека денес сите се запознаени со овој формат.

За аудиограмите кои се промовираат на социјалните мрежи, медиумите мораат да ја пронајдат вистинската рамнотежа помеѓу таргетирањето на страсните слушатели/ки на подкасти и луѓето кои се заинтересирани за нивната тема. Според The Canadian Podcast Listener, слушањето на други подкасти беше најчестиот извор за месечните слушатели/ки на подкасти да откријат нови подкасти. Значи, ова е нешто што треба да се искористи. Промоција на нови подкаст емисии на веќе постоечките подкаст емисии.

Подкастите сѐ уште не е лесно да се вградат во социјалните мрежи, па затоа се потребни повеќе чекори отколку што повеќето корисници/чки на социјалните мрежи ќе направат. Апликациите како Instagram или TikTok не се user friendly за подакстите, што им предизвикува главоболка на подкастерите/ките. Неодамнешната најава на Meta (Facebook) дека ја напушта стратегијата поврзана со подкастите ја зголемува таа главоболка.

Аудиограмите, за кои пишувавме претходно, бараат многу од некого кој бесцелно скрола низ нивниот feed на социјалните мрежи. Со оглед на тоа што повеќето корисници/чки скролаат со исклучен звук, аудиограмите нудат малку визуелен контекст за корисниците/чките да можат да се закачат на вашиот подкаст. Многу корисници/чки на социјалните медиуми не се доволно запознаени со подкастите за да дојдат до апликацијата за подкаст. На преполниот пазар на подкасти, аудиограмите малку го докажуваат квалитетот на вашиот подкаст, што го прави кликањето предизвикувачко.

Што можете да направите на социјалните мрежи за да го промените тоа?

Наместо објавите за промовирање на подкастот, размислете за социјалните медиуми како за можност да ја проширите содржината на подкастот на нова платформа. За тоа можете да размислувате како за пренамена на вашата содржина на подкастот за други платформи. Ова не е само вкрстено објавување на истата содржина, односно користење на исечок од епизодата на подкастот. Важно е да размислите кои информации од вашиот подкаст можат да се споделат на начин што ќе изгледа автентичен за платформата на која ќе се гледаат. Затоа користете ги формите што ѝ одговараат на секоја мрежа поединечно. Ако станува збор за TikTok, не објавувајте слики, користете видео содржина за да го презентирате вашиот подкаст и заинтересирајте ја публиката да кликне на линкот каде што ќе го слушне целиот подкаст. Дополнително направете снимка за Instagram story и поканете ја публиката да слушне нешто повеќе за темата за која зборувате во подкастот. Мултикастингот кој е популарен на нашите простори затоа што е дополнителен одговор на ова, но не и целосен без самата аудио содржина која е достапна преку поголемите подкастинг платоформи.

Сосредоточете се само на платформите каде што е вашата таргетирана публика. Наместо вкрстеното објавување на истиот аудиограм на сите платформи на социјалните медиуми, можеби е поефикасно да се сосредоточите на платформата што вашата таргетирана публика најверојатно ќе ја користи. На пример, ако сакате да допрете до определени професионалци/ки кои бараат деловни совети, можеби LinkedIn е најдоброто место за да ја фокусирате вашата енергија. Ако се обидувате да привлечете помлада публика, има смисла да го сосредоточите вашето време на развивање на стратегија за TikTok.

Истражете го маркетингот на влијателните личности. Според последното издание на канадскиот извештај за слушателите на подкасти, луѓето најверојатно ќе откријат нови подкасти преку препораки на други подкасти. Изгледа дека најголемата разлика е дали објавата на социјалните мрежи доаѓа во форма на препорака од некого на кого му верувате. Вреди да се спомене дека 18% од испитаниците изјавиле дека откриле нова емисија преку директна комуникација со некого што го познаваат. Изгледа дека клучниот фактор што го одредува зголемувањето на слушаноста е дали емисијата ја препорачува некој од доверба. Значи, ако сѐ уште навистина сакате да развиете стратегија за социјалните медиуми за промовирање на вашиот подкаст, можеби нема ништо поинтересно од истражувањето на маркетингот на инфлуенсери.  

Се надеваме дека овие кратки совети ќе ви бидат корисни во создавањето на ваша публика за подкаст преку социјалните мрежи.

Ocijenite kvalitet članka