Како стратешки да се пристапи кон промоција на содржините на социјалните мрежи

18.10.2022. / 08:09

Социјалните мрежи станаа примарни за поврзување со другите луѓе, но и за доаѓање до информации. Денес е незамисливо да сте медиум а да немате барем една социјална мрежа на која ќе ја објавувате вашата содржина.

Анализите на порталите, како што пишува во истражувањето на Советот за печат и онлајн медиуми на Босна и Херцеговина, го покажуваат значењето на социјалните мрежи со осврт на бројот на посети што ги остваруваат преку нив. Според резултатите од истражувањето, речиси сите испитаници/чки, без оглед на тоа дали се новинари/ки, уредници/чки, сопственици/чки на медиуми, режисери/ки, фриленсери/ки , инфлуенсери/ки, активисти/ки или блогери/ки, ја разбираат важноста на социјалните мрежи за севкупната видливост на нивната содржина.

Со повеќе од 2,93 милијарди активни корисници/чки месечно, Facebook денес е едно од најдобрите места за промовирање на содржини. Без оглед на вашата индустрија или ниша, барем дел од вашата целна публика треба да биде вклучен во неа. Маркетингот на социјалните мрежи стана составен дел од деловната комуникација на сите, па така и на медиумските организации.

Како да се пласира содржина на Facebook и да се добие максимална корист од таа промоција? Што е тоа маркетинг на Facebook и како да се креираат успешни стратегии за промовирање на содржини?

Што е Facebook маркетинг?

Facebook маркетингот е практика на промовирање на компанијата, брендот, медиумот или организацијата на Facebook. Може да ви помогне да изградите свест за определен проблем, да го зголемите бројот на следбеници/чки на мрежата, да стигнете до публиката и да ја зголемите потрошувачката на вашиот производ (во случајот на новинарствотода ја зголемите читаноста).

Маркетиншките тактики на Facebook можат да вклучуваат:

  • Органски текст, фотографии или видео содржина

  • Платена или "зајакната" текстуална, фото или видео содржина

  • Facebook приказни и Reel-ови

  • Facebook реклами

  • Facebook групи

  • Натпревари и подароци

  • Чет-ботови или автоматски одговори на Facebook Messenger

  • Инфлуенсер маркетиншки кампањи

Facebook маркетингот можете да го правите и целосно бесплатно. Во зависност од тоа кои цели сакате да ги постигнете. Преку добра стратегија, вашите цели можат да се достигнат и преку споделување на органска содржина.

Пред воопшто да почнете да правите промоција на оваа социјална мрежа, погрижете се да креирате Facebook Business страница.

Верификувајте ја вашата страница, затоа што верификуваните страници ѝ помагаат на вашата публика да знае дека тоа навистина сте вие, медиум на кој ќе му веруваат, бидејќи денес е многу лесно да се копира и името и содржината.

Верификацијата е едноставна и можете да испратите барање преку овој линк.

Добра идеја е да се отвори налог за Facebook реклами дури и ако не планирате веднаш да го користите.

Откако ќе ја отворите деловната страница, одете на Facebook Ads Manager (сега дел од Meta Business Suite). Можете да додадете постоечки налог за Facebook реклами или да ги следите упатствата за да направите нов.

Сега можете да покренете автоматизирана камапања, да креирате сопствена кампања од нула или да ја промовирате постоечката содржина на страницата.

Чекори за креирање на маркетиншка стратегија на Facebook

Во следните неколку чекори ви презентираме како можете да креирате успешна маркетиншка стратегија на Facebook:

Дефинирајте ја и запознајте ја вашата публика

Познавањето на вашата публика е еден од најважните почетни чекори. За да знаете каков тип на содржина да пласирате и на каков начин, развијте ја личноста на вашата публика која ќе ги рефлектира најкритичните демографски податоци на вашиот/та таргетиран/а корисник/чка. Можностите за таргетирање на Facebook се речиси бесконечни, па затоа бидете што е можно попрецизни кога размислувате за тоа која е вашата публика.

Ова ќе биде особено ефикасно ако решите да ги користите Facebook рекламите, иако е и понатаму клучно за објавите на временската лента.

Ова се некои од прашањата на кои треба да одговорите при таргетирањето на публиката:

  • Во кој опсег на возраст спаѓаат?

  • Каде живеат тие?

  • Какви видови на работа или работни обврски имаат?

  • Кои се нивните интереси?

  • Како и кога го користат Facebook? (На работа, дома?)

Ова се само некои од прашањата, а ако се прашувате како вие ќе ги знаете овие податоци, проверете ги на страницата Audience Insights во рамките на Meta Business Suite за да ја видите демографијата на вашата постоечка публика.

Meta Insights нудат повеќе од основните информации, тие вклучуваат:

  • Образовни достигнувања

  • Статус на врската

  • Локација

  • Интереси и хобија

  • Јазици кои се зборуваат

  • Статистика за користењето на Facebook

  • Претходна активност за купување

Ако вашите анализирани податоци не се соодветни за вашата таргетирана публика, треба да ја приспособите вашата стратегија во согласност со вашите потреби. Врз основа на овие податоци, ако креирате платени реклами, можете да видите во која насока сакате да ја проширите вашата публика и како да ја таргетирате преку различни интереси.

Однапред поставете конкретни цели

За подобар успех на вашата маркетиншка стратегија на Facebook, важно е однапред да поставите конкретни цели. Тоа треба да биде вашиот прв чекор кога размислувате за стратегијата за поставување на содржини на социјалните мрежи.

На пример, ако не добивате доволно сообраќај на вашата веб-страница (порталот за вести), треба да се сосредоточите на изработка на маркетиншки стратегии на Facebook кои привлекуваат повеќе корисници/чки на вашето мрежно место (веб-страница).

Зошто сакате следбеници? Што сакате да направат тие?

Некои од вообичаените цели на Facebook се:

  • Изградете свест за вашето постоење
  • Да се подобри корисничката услуга

  • Да се одржува доследна слика за вашиот медиум на социјалните мрежи

  • Донесете го сообраќајот на физичката локација (вашиот портал за вести)

  • Зголемете ги лајковите на објавите или коментирањето (engagement)

Вашите маркетиншки цели на Facebook ќе зависат од вашата севкупна маркетиншка стратегија.  

Планирајте ја вашата стратегија за содржината

Вашата стратегија за содржината треба да вклучува што ќе објавите, кога ќе го објавите тоа, што да објавите, кои се сите тие видови на содржини (политика, спорт, култура...) и слично.

Сѐ ова зависи од тоа каква е вашата стратегија, каков е вашиот медиум и што е она што вие сакате да и го презентирате на вашата публика. Искористете го она што сте го дознале преку анализата на вашата публика, искомбинирајте го тоа со вашата стратегија и тестирајте како поминува кај постоечката публика.

Hootsuite наведува дека постојат неколку класични правила за стратегија за содржината за социјалните медиуми што треба да се земат во предвид:

·       Правилото на третини: Една третина од вашата содржина се вашите идеи/приказни, една третина е директна интеракција со вашата публика а последната третина е промотивна содржина.

·       Правилото 80/20: 80% од вашата содржина треба да информира, да забавува и да едуцира а останатите 20% можат да бидат промотивни.

Како дел од планирањето на вашата стратегија за содржината, вклучете го и времето кога ќе ја објавувате содржината.

Овде може да ви помогне Facebook Audience Insights, погледнете кога вашата публика највеќе ја консумирала вашата содржина и врз основа на тоа одлучете во кое време ќе го објавувате сето она што ќе го креирате.

Запомнете дека социјалните мрежи постојано се развиваат и дека често се случуваат нови ажурирања. Затоа, обидете се да бидете во тек со сите промени, бидејќи и од нив ќе зависи начинот на кој ќе ги правите вашите стратегии, односно ќе ги користите ресурсите на социјалните мрежи за промовирање на содржините.

Ocijenite kvalitet članka