Хакирањето на личните налози на новинарите/ките е сѐ почесто, еве што можете да преземете за да го намалите тоа

30.06.2022. / 08:34

На десетици новинари/ки и активисти/ки во Ел Салвадор им се  хакирани телефоните со шпионскиот софтвер Pegasus.“

Хакерите ги пробија меиловите на News Corp (NWSA.O) и ги компромитираа податоците на неодреден број на новинари/ки.“

Приватниот израелски шпионски софтвер се користел за хакирање на мобилните телефони на новинари/ки и активисти/ки ширум светот.“

Онлајн магазините Žurnal и BUKA веќе петти ден по ред се изложени на хакерски напади, потврдија за Media.ba  уредниците на овие медиуми.“

Вакви и слични медиумски написи од ден на ден се сѐ почести. Хакирањето секојдневно добива нови форми и пософистицирани методи за упад во вашите компјутери, телефони, таблети и други дигитални уреди.

Постојаниот напредок на технологијата и софистицираните начини на хакирање ја прават новинарската заедница многу изложена.

Сѐ поголемата софистицираност и неоткривањето на злонамерниот и шпионскиот софтвер и нивната сѐ поголема употреба против новинарите/ките и бранителите/ките на човековите права од страна на државните и недржавните актери, го загрозуваат слободното и независното новинарство.“ – се наведува во извештајот на УНЕСКО за светските трендови за кои веќе пишувавме минатиот месец.

Неодамна на конференцијатаДигиталната безбедност на медиумите во БиХ: упади, закани и хакирањебеше истакнато дека токму хакирањето на медиумите, како и нападите на новинарите/ките е особено комплексен проблем што трае и кој сигурно ќе ескалира уште повеќе во наредниот период.

Секако поголема штета прават хакирањето и упадите во медиумските сервери и налози, но нималку безопасни не се ниту индивидуалните напади врз новинарите/ките.

Кои се знаците дека можеби вашиот налог е хакиран

Голем е спектарот на знаци кои денес може да укажуваат на тоа дека сте хакирани. Постојат објави кои вие никогаш не сте ги објавиле на вашата страница на социјалната мрежа, тоа можат да бидат објави кои ги поттикнуваат вашите пријатели да кликнат на врската или да ја преземат апликацијата.

Пријател/ка, член на семејството или колега/шка пријавил/а дека добил/а меил од вас што вие никогаш не сте го испратиле.

Вашите податоци се изгубени поради злоупотреба на податоците, заразување со злонамерен софтвер или изгубен/украден уред.

Можеби сте добиле ransomware порака или лажна антивирус порака, вашите пребарувања на интернет се пренасочуваат, гледате чести, случајни скокачки прозорци, вашата онлајн лозинка не работи. Некои дејства можат да бидат и појасни и повеќе да упатуваат на некои промени, како на пример да забележите неочекувани инсталации на софтвер, вашето глувче се движи помеѓу програмите и селекциите, некој ве известил дека сте хакирани, протекле доверливи податоци за вас и слично.

Што да направите ако вашиот налог е компромитиран

Ако сте сигурни дека вашиот налог е компромитиран, ќе треба да преземете определени чекори, не само за да се заштитите себеси, туку и вашите контакти и медиумот.

Известете ги сите ваши контакти дека можеби ќе примаат несакани пораки а тие ќе изгледаат како да доаѓаат од вашиот налог. Кажете им на вашите контакти дека не треба да ги отвораат пораките или да кликнат на било кој линк од вашиот налог и предупредете ги за можноста од злонамерен софтвер.

Ако сметате дека вашиот компјутер е заразен, проверете дали вашиот безбедносен софтвер е ажуриран и скенирајте го вашиот систем за злонамерен софтвер. Исто така можете да употребите и други скенери и алатки за отстранување.

Променете ги лозинките на сите налози што се загрозени и на останатите клучни налози што е можно поскоро. Задолжително користете силни лозинки.

Откако сте креирале силни лозинки, проверете дали вашите најави се исто така безбедни. Овие опции ќе ги проверите во Поставки. Ако не е вклучена можноста за двојна автентификација, задолжително вклучете ја. Оваа дополнителна мерка помага за сигурност дека вие сте вистинската личност која е поврзана со налогот до кој се обидувате да пристапите.

Задолжително оваа постапка за додавање на двојна автентификација повторете ја и за вашите налози на социјалните мрежи, како што се Facebook, Twitter, Instagram и други.

Како да избегнете хакирање

Без оглед на тоа колку сте внимателни во поглед на чувањето на приватноста на вашите чувствителни податоци, може да се случи хакирање.

Сепак, постојат некои чекори што можете да ги преземете за да го спречите хакирањето или барем да ги намалите шансите да дојде до него.

Редовно ажурирање

Секој софтвер што го користите, редовно ќе бара ажурирање за да се обезбеди продолжување на неговото исправно функционирање. Ажурирањата исто така служат за уште една витална функција: ги чуваат сите апликации што ги користите безбедни од можни упади. Хакерите се иновативни и секој ден смислуваат нови начини за напад на системите, така што компаниите мораат постојано да ја ажурираат нивната безбедност за да бидат во тек.

Лозинките не смеат повторно да се користат

Лозинките ги штитат нашите онлајн налози. Се користат за социјалните мрежи, за е-поштата, за интернет банкарството и за уште многу други работи. Со десетици акредитиви на налозите кои треба да ги запомните, многумина одлучуваат повторно да ја користат истата лозинка за секој налог. Меѓутоа, тоа ве прави ранливи на напади, затоа што ако хакерите научат една лозинка, ќе ја користат на сите можни налози што можат да се поврзат со вас. Затоа прочитајте нешто повеќе за силните лозинки, но и за пасворд менаџерите со кои можете да ги чувате сите силни и комплексни лозинки, памтејќи само една.

Преземање од доверливи извори

Еден од најефикасните начини за хакерите да добијат пристап до вашите системи и уреди е преземање кога ќе кликнете. Создаваат лажни страници или небезбедни врски што ве наведуваат да мислите дека преземате софтвер кој е безбеден, додека реално тој е дизајниран за напад на вашите уреди. За да се изборите со ова, истражете пред да преземете било што од интернет за да бидете сигурни дека користите доверлив извор. Ако преземањето доаѓа преку е-пошта, обидете се да потврдите дека е дојдено од изворот што го очекувате. Проверувајте ги е-маил адресите на испраќачите. Контактирајте го директно лицето од кое сте добиле меил. Јавете им се или испратете им нов меил. Проверете го правописот, често тука е грешката.

Администраторскиот налог не треба да ви биде почетен

Повеќето компјутери ви овозможуваат да се пријавите како администратор или како личен корисник/чка. Администраторите имаат пристап до секој систем на вашите уреди, додека личните корисници/чки имаат ограничувања во поглед на тоа што можат да прават. Во принцип, не го користете администраторскиот налог како почетен налог. Ако биде компромитиран, хакерите ќе имаат пристап до сите системи на вашиот уред и можат да направат поголема штета отколку да имаат пристап до ограничен личен налог.

Исклучете ги уредите што се поврзани на интернет

Хакерите мораат да користат интернет за да хакираат. Кога ќе завршите со користење, исклучете го интернетот затоа што на хакерите им е потребен интернет за да можат да направат упад. На тој начин го спречувате хакерот да им пристапи на вашите податоци и пред да се обиде да го направи тоа. Овој чекор вклучува одјава од налогот кога ќе завршите со работа, па дури и одјава од вашата Wi-Fi мрежа кога не сте дома.

Денес постојат и некои страници каде што можете да проверите дали сте хакирани, како на пример услугата have I been pwned, па затоа одете на неа и проверете ја состојбата на вашиот компјутер. Оваа услуга ќе ви понуди и дополнителни чекори што треба да ги преземете за да го поправите она што моментално не е заштитено.

Ocijenite kvalitet članka