Онлајн алатката Slices.co за креирање на визуелно привлечни раскажувачки приказни

29.06.2022. / 09:13

Визуелниот идентитет на приказната станува сѐ поважен. Раскажувањето преку мултимедијалната содржина го пренесува наративот преку повеќе форми на медиуми како што се текст, аудио и видео. Мултимедијалните приказни се способни да пренесат емоции и да изградат емпатија на начин на кои приказните со еден медиум не можат. Вклучувањето на различни видови на медиуми во приказната и овозможува на публиката да биде повеќе вклучена во темата. Затоа интерактивноста е важна карактеристика на мултимедијалното раскажување која ви овозможува да ја ангажирате вашата публика и да барате нивен придонес и повратни информации.

Најдобрите видови на мултимедијални приказни вклучуваат дејство, претставување, силни ликови и силни емоции, а сето тоа може да се пренесе преку различни медиумски форми.

Во процесот на креирање на мултимедијални раскажувачки приказни можат да помогнат голем број на алатки кои се креирани токму за работа на вакви приказни. За некои од нив пишувавме претходно, како што се Shorthland, RacontR, InterviewJS, Pageflow и многу други.

Креирајте приказни со Slices.co

Денес ви го претставуваме Slices.co, уште една алатка за одлични мултимедијални раскажувачки приказни.

Slices.co алатката беше лансирана од холандска компанија, а приспособена  е за креирање на мобилни мултимедијални приказни. Едноставна е за користење и најважно е тоа што можете да ја користите бесплатно за определени видови на содржини.  

Едноставниот интерфејс ви овозможува да направите и да објавите одлична мултимедијална продукција за само неколку минути. Slices ви овозможува вашата приказна да ја претворите во уникатно искуство. Комбинирајте фотографија, видео и звук и вклучете ја вашата публика така што ќе ја направите приказната интерактивна. Со Slices, ги објавувате приказните со стилот на вашата медиумска куќа, директно на вашата веб страница. На тој начин, можете да ја задржите вашата публика таму каде што сакате, а вашите приказни ќе бидат достапни онолку долго колку што сакате. Фуснотите ви овозможуваат додавање на повеќе контекст на линеарната приказна. Со помош на интерактивна мапа или позадинска статија, можете да го/ја задоволите љубопитниот/та читател/ка со давање на дополнителни информации заедно со вашата приказна.

Едноставна работа

Создавањето на приказната оди со неколку едноставни чекори: додадете насловна страница, изрежете ја вашата приказна, додадете фотографии, видео и звук и вметнете ја или споделете ја вашата приказна.

За да започнете со работа, одете на нивната страница Slices.co и кликнете на Get Started. За да се најавите, креирајте нов налог преку вашата е-пошта и за неколку моменти веќе сте во интерфејсот на Slices.

dsa

Процесот на креирање на нови приказни оди едноставно и единствено што ќе ви треба е идеја за тоа како сакате да изгледа вашата приказна.

dea

Со кликнување на знакот плус влегувате во нов прозорец каде што ќе имате можност да ги креирате вашите визуелни картички за два формати: вертикален формат и десктоп формат. Со креирањето на приказната за едниот формат, автоматски се креира приказната и за другиот, без да морате да приспособувате ништо.

da

Можете да додадете позадина како слика или да ја промените бојата, жолтиот квадрат да го направите онака како што на вас ви одговара и да го поставите во оној дел на визуелната слика каде што мислите дека треба да биде. Можете да ја менувате бојата на буквите, како и бојата на квадратот. За жал, логото Slices останува на првиот и на последниот слајд и единствено нешто што можете да го направите е да го намалите.

Низ раскажувањето можете да вметнете и фусноти со кои ја контекстуализирате вашата приказна што ја раскажувате.

saf

За секој премин од една на друга картичка, можете да додадете различни анимации и да го направите вашиот дизајн уште попривлечен. Постои и опција за додавање на аудио звук и уште многу други опции кои ќе ја направат вашата приказна поцелосна.

Вашиот финален резултат можете директно да го ембедувате во веб страницата. Како изгледа нашиот финален резултат создаден во неколку потези, погледнете подолу.

На овој линк можете да видите и некои приказни што се направени преку оваа алатка.

Цена

Бесплатното користење на Slices е достапно за максимум 10 приказни, 500 прегледи месечно, 1 GB хостинг, 5 GB сообраќај, аналитика, ембедување на приказни. Постојат и два пакети кои можете да ги платите, а со нив добивате можност за преземање на содржината на вашите компјутери, ваше лого, премиум поддршка, личен хостинг и приспособена URL-адреса.

Тестирајте ја и сами оваа многу интересна и привлечна алатка и испратете ни ги вашите раскажувачки приказни, како и искуството што сте го имале за време на тестирањето.

Ocijenite kvalitet članka