Опис на фотографијата – зошто е важен во новинарството и како да се напише

30.05.2022. / 08:41
Автор/ка
Share
fotografija
fotografija

На сите им е позната изреката дека фотографијата зборува повеќе од илјада зборови. Многу често токму фотографиите се тие што го привлекуваат вниманието на читателот/ката и го будат нивниот интерес за пишаната содржина. Токму поради ова, важноста на фотографиите отсекогаш играла една од најважните улоги во новинарството. За тоа што фотографијата му значи на медиумот, зошто фотографиите толку брзо ја пренесуваат пораката и за улогата на описот на фотографијата или caption-от во разбирањето на пораката која фотографијата треба да ја пренесе, претходно пишуваше колешката Irena Omazić.

Денес зборуваме за тоа како да се напише ефикасен опис на фотографијата и зошто е тој важен во новинарството

Како со описите на фотографиите да ги заинтригирате читателите/ките?

Описите на фотографиите се составен дел на секоја статија, без разлика дали се работи за печатени или за онлајн медиуми. Фотографиите се прозорец кој нуди поширок поглед на приказната на која таа е составен дел. Меѓутоа, покрај оние илјада зборови кои таа ги носи во себе, потребни се неколку реченици кои на читателите/ките ќе им дадат контекст, кои ќе им помогнат да го разберат што е тоа што го гледаат и зошто е важно за приказната што ја читаат.

Ако сакаме да дознаеме нешто повеќе за тоа што се случува на фотографијата, ќе го прочитаме нејзиниот опис. Она што обично сакаме да го знаеме е: „Што се случило?“; „Кој е вклучен?“; „Кога се случило“, „Каде се случило?“ „Зошто се случило?“, и Како се случило?“ (правилото 5W и 1H). Описите на фотографиите се многу ефикасен начин да го привлечете вниманието на вашите читатели/ки и да ги заинтересирате да ја прочитаат целата приказна.

Описите на вашите фотографии треба да ја збогатат фотографијата, како што и фотографијата треба да ја збогати содржината на вашата приказна. Тоа е еден вид на лепак што поврзува различни делови и ја прави содржината поинтересна. Едноставен опис на дејството не е доволен. Им давате на вашите читатели/ки нешто повеќе од она што можат и сами да го видат. Тоа е одличен начин да им ја разбудите љубопитноста. Затоа е важно да опишете важни детали кои не се визуелно очигледни, да го споменете контекстот во кој се одвива дејството на вашата приказна и да ја разбудите емоцијата во читателите/ките што ќе ја заинтригира нивната фантазија.

Како да се напише опис на фотографијата?

Клучот за пишување на добар опис е да се запрашате што е тоа што читателите/ките треба да го знаат. Земете ги во предвид следните прашања

  • Што се случува тука
  • Кои се луѓето што се вклучени
  • Зошто се тие овде
  • Што знам јас што можеби моите читатели не го знаат

Вашата прва реченица од описот на фотографијата треба да биде во сегашно време и да му/ѝ  каже на читателот/ката што се случува моментално на фотографијата. Сегашното време ѝ дава на фотографијата чувство на непосредност. Фатете го моментот, така како што тоа го прави фотографијата. Кога ќе ги покриете тие информации, вклучете некои други информации што не се во главната приказна за дополнително да го унапредите искуството на читањето. Тоа може да биде било што, од цитат на личноста на фотографијата до факт што не е користен во главната приказна. Што и да ставите во описот на фотографијата, тоа треба да го зголеми интересот на читателите/ките за темата за која пишувате.

Не им го нудете на читателите/ките она што можат и сами да го видат или она што е кажано во насловот или во поднасловот. Избегнувајте користење на термини како што се прикажано е“, „на фотографијата“, „како што се гледа“. Немате многу простор, затоа е важно сите зборови во реченицата да бидат неопходен дел од сложувалката на приказната што сакате да ја споделите со читателите/ките. Кажете му/ѝ го на читателот/ката она што не може да го види или она што не го знае за фотографијата, без изнесување на претпоставки. Започнете ги вашите описи со општи информации и станете поконкретни. Дајте им на читателите/ките поширока претстава за што е приказната, а потоа дајте им повеќе информации за да ги заинтересирате за да ја прочитаат приказната.

Точниот формат на описот на фотографијата варира од медиум до медиум, но во основа тие треба да го вклучуваат следново

  • Јасно идентификувајте ги луѓето и локациите што се појавуваат на фотографијата. Треба да ги вклучите професионалните титули и формалното име на локацијата. Напишете ги имињата правилно (проверете го правописот во статијата). За фотографиите на повеќе од една личност, идентификувањето обично оди од лево на десно. Во случај на големи групи, може да биде потребно само идентификување на значајните личности, а понекогаш идентификување и не е потребно. Вашиот медиум треба да постави стандард за своите фотографи. Еден од начините може да биде.

Наталија, бегалка од Украина, лево, во домот на лондонскиот пар, Sanderson Jones и Imogen Moore-Shelley, кои ѝ се домаќини.“ (eng. „Natalia, a Ukrainian refugee, left, at the home of a London couple, Sanderson Jones and Imogen Moore-Shelley, who are hosting her.“), како што е опишано во статијата на New York Times.

  • Вклучете го датумот и денот кога е направена фотографијата. Ова е важна информација за објавувањето во весник. Колку е поактуелна фотографијата, толку подобро. Доколку се користи архивска фотографија или фотографија што е направена пред настанот што се илустрира, во натписот треба јасно да се назначи дека се работи заархивска фотографија“. Еден од добрите примери може да биде:

Украински војник зазема позиција во должина на ровот за време на вежбата недалеку од вториот најголем украински град Харков, на 30 април 2022 година. Повеќе Американци сега веруваат дека американската поддршка за Украина е "донекаде исправна", според  новата анкета.“
(eng. „A Ukrainian serviceman takes position along a trench during an exercise not far from the second largest Ukrainian city of Kharkiv on April 30, 2022. More Americans now believe U.S. support for Ukraine is "about right", according to a new poll“).

  • Дајте му/ѝ на читателот/ката некаков контекст или позадина за тој или таа да може да ја разбере вредноста на фотографијата. Обично е доволна една или две реченици, како што е тоа направено овде:

Украински работник на фарма стои во близина на уништен трактор во оштетена зграда за складирање на житарки, погоден со граната од руски тенк, на 14 мај 2022 година во Черкска Лозова во Украина. Руските сили нападнале повеќе складишта за житарки додека ја уништуваа и ја крадеа земјоделската опрема.“ (eng. „A Ukrainian farm worker stands near a destroyed tractor inside a damaged grain storage building hit by a Russian tank shell on May 14, 2022 in Cherkska Lozova, Ukraine. Russian forces have attacked multiple grain storage sites while destroying and stealing agricultural equipment. “).

  • Бидете кратки. Повеќето натписи се една или две кратки, декларативни реченици. Некои можат да се прошират со трета реченица ако се потребни сложени контекстуални информации за целосно да се објасни сликата.

Тонот со кој го пишувате описот на фотографијата е многу важен. Описите на фотографијата треба да бидат информативни и да нудат факти, но и да им дозволат на читателите/ките сами да одлучат какви емоции кај нив предизвикува определена фотографија. Затоа, ненаметнувајтезборови како што сенесреќни/среќни луѓе“, „огорчени набљудувачи“, „тажни личности“. Да им нагласите на читателите/ките за кои емоции се работи, нема да го надомести она што објективот на фотоапаратот пропуштил да го фати. Моментот што е забележан на фотографијата е исечок од реалноста на луѓето кои се прикажани на неа, а описот на фотографијата треба да ја објасни состојбата на тие луѓе и причината што довела до неа. Еден од начините да се опише фотографија на која се забележани трагични, тажни или емотивни моменти, напишан е овде:

Луѓето стануваат емотивни на градскиот плоштад во градот Увалде за време на молитвеното бдеење по масовното пукање во основното училиште Робб на 24 мај 2022 година во Увалде, Тексас. Според извештаите, 19 ученици и 2 возрасни лица се убиени пред полицајците да го усмртат напаѓачот.“ (eng. „People become emotional at the City of Uvalde Town Square during a prayer vigil in the wake of a mass shooting at Robb Elementary School on May 24, 2022 in Uvalde, Texas. According to reports, 19 students and 2 adults were killed before the gunman was fatally shot by law enforcement.“)

На крајот, не заборавајте дека кредибилитетот е клучен. Затоа проверете ги сите факти, направете повеќекратни проверки на граматиката и на правописните грешки, особено кога станува збор за имињата на луѓето за кои зборувате.

Примерите погоре покажуваат некои од начините на кои фотографиите одилјада зборовиможат да се опишат и да се применат во новинарството. Иако секој од нив е единствен, сите тие нудат ист вид на информации што им се важни на читателите/ките за да ја разберат пораката што ја носат во нив. Сите тие покажуваат дека, иако фотографијата е мамка за која треба да се фати вниманието на читателот/ката, нејзиниот опис е јадицата на која ќе се фати нивната одлука да ја прочитаат приказната до крај. Наведените совети можат да ви помогнат во усовршувањето на вештината за изработка на таа јадица, што ќе ја направи посилна и поинтересна за вашата публика.

Ocijenite kvalitet članka