Платформата Talkwalker за аналитика и следење

11.05.2022. / 14:11

Новинарите/ките секојдневно ја пребаруваат интернет сферата барајќи различни одговори на темите што ги истражуваат. Денес во интернет сферата може сѐ да се дознае, информации за компаниите, за вработените, за институциите, за политичарите/ките и за било кое друго лице за кое се истражува.

Најдобар начин да останете во тек со најактуелните информации за темата што ја истражувате е користењето на алатки за следење во онлајн сферата. Софтверите за следење собираат информации за тоа што и на кои места се зборува за определена тема. Наместо да кликате на стотици страници или да скролате низ социјалните мрежи, овие софтвери ви испраќаат предупредувања кога ќе се појави определена тема, која однапред сте ја поставиле.

Платформата Talkwalker

Користејќи ги алатките за слушање и за аналитика на Talkwalker, добивате увид во реално време за сѐ она што се случува на сите социјални канали и онлајн  медиуми на 187 јазици.

Talkwalker е компанија за социјално слушање и за анализа која ги зајакнува глобалните брендови и агенции за да го оптимизираат ефектот на нивната дигитална комуникација.

Christophe Folshette и Thibaut Britz ја креираа оваа алатка во 2009 година, препознавајќи ја важноста на податоците во деловниот свет. Тие започнаа со обезбедување на необработени вести и податоци за блогот преку API, пред да сфатат дека на ПР професионалците/ките им треба полесен и побрз пристап не само до податоците, туку и до практичните сознанија од аналитиката. На овој начин беше редизајнирана платформата и еволуираше во производот Talkwalker каков што е денес.

Talkwalker им нуди на корисниците едноставна платформа за користење, која ја движи вештачка интелигенција, за заштита, мерење и промовирање на брендовите ширум светот преку сите комуникациски канали (следење на текстови, слики и видеозаписи на 150 милиони веб локации, блогови, форуми и повеќе од 20 социјални мрежи).

Користејќи најсеопфатни податоци преку приспособлива аналитика, корисниците можат да добијат сознанија кои влијаат на нивното работење во три главни категории: заштита на трговската марка, мерење на трговската марка и промоција на трговската марка. Иако тие првенствено се базирани на потрошувачки компании, платформата нуди повеќе можности и за новинарството.

Таа може да анализира различна онлајн содржина, а вклучува и технологија за препознавање и за следење на 30.000 слики одеднаш.

Не само што можете да ги следите резултатите во реално време, туку можете да пристапите и до повеќе од две години историја на податоци. А освен на социјалните мрежи, можете да следите дискусија и на други портали, блогови, форуми.

Talkwalker услуги

Talkwalker нуди низа на решенија искомбинирани со најсовремена технологија, која им помага на корисниците/чките да ја промовираат нивната содржина на сите канали.

Ова вклучува:

  • Talkwalker Analyticsплатформа за слушање и за аналитика на социјалните мрежи, која на корисниците/чките им овозможува длабок целокупен поглед на општественото позиционирање, откривајќи практични сознанија. Forrester го препозна како силен лидер во неговиот извештај Forrester WaveTM: Платформи за социјално слушање, во повеќе наврати од 2018 година па сѐ до денес.

  • Брзо пребарувањеЕдноставна платформа за користење која може веднаш да ја користи секој за преглед на аналитиката во последните 13 месеци.

  • Talkwalker AlertsУслуга за предупредување која го следи вашиот дигитален отпечаток на интернет.

  • Бесплатно пребарување на социјалните мрежибесплатен пример за брзо пребарување, дава увид во трендовите во последните 7 дена.

Она што нивното пребарување вклучува е:

  • Препознавање на слики и видеа. За откривање на визуелно споменувани лица, компании и институции на слики и на видеозаписи. Секој ден анализираат повеќе од 150 милиони слики и видеозаписи за да откријат 300% повеќе споменувања отколку само следење на текстови. Препознавањето на слики во овој момент не е ништо ново, но е ново расчленувањето на визуелните податоци од видеозаписите, а токму тоа и го прави оваа аналитичка платформа.

  • Анализа на чувствата. Ги открива емоциите зад споменувањето, вклучувајќи нијанси на сарказам и на иронија, за да се утврди дали споменувањето е позитивно или негативно.

  • Приспособени модели. Им се дава можност на клиентите/ките за вклучување на вештачка интелигенција за побрз и попрецизен увид во трговската марка со изработка на приспособена анализа на категоријата врз основа на машинско учење.

Бесплатно пребарување на социјалните мрежи

Бесплатното пребарување на социјалните мрежи е одлична алтернатива за Google Alerts. Го следи името на вашиот медиум или темата што ја следите, настаните или било која друга тема на вебот.

Talkwalker Alerts го следи секое споменување и клучните зборови на интернет вклучувајќи ги платформите за вести, блоговите, форумите, веб страниците па дури и Twitter. Ги обединуваат сите ваши споменувања на социјалните мрежи и ги носат директно во вашиот инбокс.

Платформата ги филтрира и најважните онлајн разговори и твитови со максимален ангажман, така што ги добивате само релевантните предупредувања.

Ова се некои разлики помеѓу Talkwalker Alerts и Google Alerts.

sfda

Предупредувањата не мора да се користат само за следење на споменувањата. Можете да ја подобрите вашата SEO стратегија, идентификувајќи ги влијателните луѓе и за да ја подобрите вашата стратегија за маркетинг содржината.

Како да поставите предупредување?

Поставувањето на Talkwalker предупредување е многу едноставно и трае само неколку секунди. Сѐ што треба да направите е да ги следите наведените чекори:

  1. Изберете тема за поставување на преупредувањето и внесете ја во лентата за пребарување на предупредувањата.
  2. Внесете ја меил адресата на која сакате да ги добивате предупредувањата, за разлика од Google Alerts (кои се поврзани со вашиот налог на Google) и ќе ги добивате Talkwalker Alerts на било која меил адреса која сакате да ја користите.
    afsas
  3. Изберете го типот на предупредување што сакате да го добивате: Вести, Twitter, Блогови или Форуми за дискусија. Изберете го јазикот на вашите резултати. Talkwalker Alerts алатката е достапна на 22 различни јазици. За жал сѐ уште не на јазиците од нашето говорно подрачје.

  4. Изберете колку често сакате да добивате предупредувања во вашата пристигната пошта. Можете да изберете "Како што се случува" ако сакате да ги користите предупредувањата за да го следите Twitter или било која друга платформа во речиси реално време.

  5. Изберете дали сакате да ги добивате сите споменувања на вашето барање за пребарување/омилени теми на интернет или само оние со најголем ангажман. Се препорачува да изберете "Само најдобри резултати" ако во претходниот чекор сте избрале "Како што се случува". Ако изберете "Како што се случува" и "Сите резултати" за истото барање, можеби во текот на денот ќе бидете затрупани со пристигнатите меилови. Меѓутоа, комбинацијата на овие функции е исклучително релевантна во кризната комуникациска/ПР ситуација.

  6. Користете ја функцијата за преглед за да проверите дали сѐ е поставено како што сакате.

  7. Притиснете на копчето "Креирај предупредување".

  8. Сѐ што треба да направите после ова е да ја потврдите вашата меил адреса и ќе почнете да ги добивате преупредувањата директно во вашиот инбокс.



    Платформата Talkwalker навистина изобилува со различни можности и веруваме дека може да биде корисна и во истражувачкото новинарство при следењето на различните теми. Иако не е достапна на нашите јазици, меѓународните теми што ги истражуваат новинарите/ките од Балканот, секако можат да се следат преку оваа платформа.

     

Ocijenite kvalitet članka