Препораки за медиумите за покривање на парадите на гордоста

06.06.2022. / 08:14
Share
Izvor: Bh. povorka ponosa, www.povorkaponosa.ba
Izvor: Bh. povorka ponosa, www.povorkaponosa.ba
Izvor: Bh. povorka ponosa, www.povorkaponosa.ba

Месецот јуни ширум светот се одбележува како месец на гордоста и LGBTIQ заедницата го одбележува на различни начини. Ова е месец во кој се одржуваат најмногу Паради на гордоста, како во светот, така и во нашиот регион.

Во наредниот месец ќе бидат организирани Загреб Прајд, Сплит Прајд, БХ Парада на гордоста и Скопје Прајд. Во мај се одржа парада во Тирана, а оваа година на Западен Балкан ни доаѓа Еуро Прајд, која ќе се одржи во Белград.

Сите овие се многу важни поводи за да зборуваме за начините како медиумите можат да го подобрат нивното известување за правата и за животите на LGBTIQ лицата.

Минатата недела подетално ви пишувавме за тоа зошто е важно медиумите да разберат дека парадите на гордоста се протести, како и сите други.

А денес ви презентираме неколку насоки и препораки како да известувате за парадите на гордоста.

Интервјуа

Интервјуата се секогаш одличен начин за покривање на било која тема, па и на оваа. Побарајте широк спектар на луѓе за интервјуата, вклучувајќи ги организаторите/ките на парадите, учесниците/чките на самиот протестен марш, LGBTIQ заедницата, поддржувачите/ките, претставниците/чките на надлежните институции и активистите/ките од заедницата.

Поврзете го вашето покривање на поворката со релевантни локални, државни и национални прашања како што се законот за забрана на дискриминацијата, злосторствата од омраза, безбедноста во сите сфери на животот, законот за истополово партнерство и други закони кои го регулираат прашањето за семејството и заштитата од дискриминација и насилство.

Интервјуирајте ги локалните активисти/ки на LGBTIQ заедницата за да им дадете локален фокус на настаните на парадата.

Пронајдете LGBTIQ лица, но и други учесници/чки во поворката и разговарајте со нив за важноста на излегувањето на улица и за овој вид на активистичка борба, но исто така, разговарајте со нив за секојдневниот живот на LGBTIQ лицата, како и за перцепцијата на општеството, соседите/тките, семејствата, колегите/шките од работните места кон LGBTIQ лицата.

Слики и видео материјал

Кога се известува за парадата на гордоста, без разлика дали станува збор за известување пред самиот марш или за време на маршот, новинарите/ките треба да ја презентираат реалната слика на протестот. Пред самата парада, не се препорачува во текот на подготовките на приказните да се користат слики или снимки кои не се од парадата за која се зборува, бидејќи тие испраќаат поинаква слика кон јавноста.

Настаните кои ги реализираат организаторите/ките на парадите на гордоста за време на месецот на гордоста или неделата на гордоста, исто така се многу важни и можат да им понудат на медиумите одговори на многу прашања. Се препорачува да ги следите и да присуствувате на нив. На овие настани можете да ги запознаете соговорниците/чките од LGBTIQ заедницата, организаторите/ките на парадата, како и сојузниците/чките.

Поради чувствителноста на прикажувањето на LGBTIQ лицата во медиумите поради проблемите во нашите општества со предрасудите што постојат кон овие LGBTIQ лица, се препорачува сите лица што сакате да ги интервјуирате пред да застанат пред камерата или пред микрофонот, да ги прашате дали е во ред да ги снимите. Ова важи и за самата протестна прошетка, без оглед на тоа што самата парада е јавна, прашајте ги луѓето пред да ја фокусирате камерата кон нив. Особено ако одите во живо на програмата. Разберете ги процесите низ кои поминува секое LGBTIQ лице и евентуалните последици што може да ги има преку својата медиумска изложеност.

Се препорачува да обрнете внимание на сензационалистичките аспекти на парадата и да избегнувате таков пристап во вашето известување. Сензационалистичкото известување ги продлабочува предрасудите и нетолеранцијата кон оваа заедница и медиумите треба да го земат тоа во предвид. Всушност, медиумите можат да бидат многу важни сојузници кои ќе помогнат да се пренесат јасните пораки од протестната прошетка и да се придонесе за разбивање на предрасудите што постојат кон LGBTIQ лицата.

Идеи за приказни

За да ги покриете сите важни аспекти од организирањето на паради, особено во општества како што е нашето, ќе биде потребно да ѝ пристапите на оваа тема и едукативно кон вашата публика.

Напишете ја историската позадина на настанувањето на парадите во светот. Потсетете ја вашата публика од каде потекнува овој терминпаради на гордоста“, што тој претставува и зошто како таков е важен за LGBTIQ заедницата.  

Креирајте прилози со организаторите/ките на парадите за процесот на планирање и реализиција на парадите на гордоста. Кои се важните аспекти кои ги покриваат организаторите/ките, на што обрнуваат внимание преку самата организација, со кои предизвици и проблеми се соочуваат во текот на организацијата, колку е интензивна работата на самата парада и што значи тоа за целокупното презентирање на парадата на јавноста.

Опфатете ја институционалната перспектива и креирајте приказни околу тоа зошто има или нема поддршка од надлежните институции и од претставниците/чките на тие институции. Кои се тие што даваат поддршка, а кои не? Зошто едни даваат поддршка, а други не? Анализирајте ги медиумските изјави на политичарите/ките и посочете на нивните законски обврски за заштита на човековите права на сите без исклучок. За почитување на човековите права не постои но.

Поврзете ја парадата на гордоста со други протести и покажете колку е важен овој активистички чин за потсетување на институциите дека мораат да работат на подобрувањето на правата на сите лица и на малцинствата во општеството. Обрнете внимание на тоа што значи континуирано излегување на улица.

Пристапете кон важноста на парадата на гордоста од перспектива на секојдневниот живот на LGBTIQ лицата, проблемите со патување, семејното насилство, неможноста да се живее автентичен живот и слично.

Вклучете анализа на парадите на гордоста што се случуваат во другите делови од светот, особено во земјите или регионите што ја окружуваат државата од која известувате.

Претходно пишувавме за тоа како генерално да се подобри известувањето за правата и за животите на LGBTIQ лицата, а во таа статија можете да пронајдете и информации поврзани со терминологијата и говорот на омраза, како и линкови до литература која може да ви биде дополнително корисна при известувањето.

Ocijenite kvalitet članka