Tella: Мобилна апликација за сигурно чување на вашите документи, фотографии и видео снимки

03.06.2021. / 12:12
Tella App
Tella App
Tella App

Кризата која ја донесе пандемијата на коронавирусот и фактот дека светот се пресели во онлајн сферата, ја влошила ситуацијата со прислушкувањето и следењето на новинарите/ките, но и со кршењето на човековите права. Ранливоста не ги заобиколи ниту медиумите, а особено новинарите/ките кои голем дел од својата работа ја извршувале од дома.
CISO-вите предвидувања за 2021 година велат дека автентификацијата, заштитата на податоците во облакот и надзорот на апликациите ќе бидат ставени на врвот на списоците и приоритетите на дигиталната сигурност. Последиците на пандемијата кај дигиталната сигурност се огромни, а неодамнешните трендови откриваат голем пораст на хакерски напади и компромитирани податоци преку изворите како што се личните мобилни телефони и лаптопи. Важноста на заштитата на податоците на уредите кои новинарите/ките ги користат станува сѐ попредизвикувачка.
Секој придонес во заштитата на личните податоци и други важни документи, фотографии и видеозаписи на новинарите/ките е од исклучително значење.

Tella апликација за посигурно складирање на податоците

Денес ви ја претставуваме Tella мобилната апликација, која може да одговори на овие предизвици и да се погрижи за сигурноста на вашите документи, фотографии и видео снимки.
Tella е проект на Horizontal, непрофитна организација чиј фокус на работа е на бранителите/ките на човековите права, активистите/ките и новинарите/ките преку поддршката на дигиталната сигурност и развојот на алатки.
„Во предизвикувачки окружувања, со ограничена интернет врска или без неа или во случај на репресија, Tella го олеснува сигурното документирање на кршењето на човековите права и прибирањето на податоци.“ – наведуваат на својата веб страница.
Tella е покрената во почетокот на 2019 година како поддршка на набљудувањето на изборите во тек на нигериските општи избори, а од тогаш се користела и во други изборни процеси. Tella исто така се користи за прибирање на податоци за родово заснованото насилство на Куба, за кршењето на човековите права во Мианмар и западна Папуа и за нападите на автохтоните бранители/ки во Бразил.
Поради тоа, оваа апликација може да биде многу корисна во новинарството и со нејзино користење можете да:

  • Се заштитите од физичка и дигитална репресија додека прибирате и документирате осетливи податоци
  • Да ги заштитите податоците кои ги прибирате од цензура, неовластен пристап, пресретнување и уништување
  • Лесно да изработите висококвалитетна документација која може да се користи за истражување, застапување или транзициска правда.

Клучни карактеристики

Оваа апликација е посебно дизајнирана за потребите на оние кои се наоѓаат на првата линија, а често тоа се новинарите/ките.
Ова се нејзините клучни карактеристики:

  1. Шифрирано според зададените поставки
    Сите ваши податоци се автоматски шифрирани и се непристапни од галеријата на уредот. Отклучување на апликацијата со внесување на точна сигурносна шема е единствен начин за дешифрирање на содржината.
  2. Приспособливи форми
    Приберете одредени податоци кои ви се потребни со преку десетина различни видови на прашања (текст, повеќекратен избор, геолокација итн.), условна логика и со проверка на валидноста на податоците.
  3. Директно праќање
    Ако обрасците не се потребни, корисниците/ките наместо тоа можат своите датотеки да ги испратат директно на серверот за само неколку секунди или да постават "автоматски пренос" штом ги направат фотографиите, видеото или аудио записот.
  4. Офлајн начин
    Ако податоците ги прибирате во одалечени подрачја со ограничена или никаква интернет врска, податоците можете да ги зачувате на уредот и лесно да ги испратите кога ќе воспоставите интернет врска.
  5. Докази кои можат да се проверат
    Кога е активиран "Начин на проверка", секој пат кога ќе снимите фотографија или видеозапис или ќе снимите звук, Tella автоматски прибира метаподатоци за датотеката за да им помогне на другите да ги поткрепат доказите.
  6. Повеќејазично
    Tella моментално е достапна на белоруски, англиски, француски, португалски, руски и шпански јазик. Но отворени се и за други јазици и имаат во план преводи на што повеќе јазици.

Апликацијата е дизајнирана за оние чија сигурност е загрозена, така да е бесплатна за преземање и употреба и засекогаш ќе остане бесплатна. Кодот за Tellа е јавно достапен, така да истражувачите/ките, сигурносните аналитичари/ки и програмери/ки можат слободно да го ревидират и повторно да го користат.
Фокусот на компанијата Tella е на тоа агилната сигурност да ја направи достапна на сите, вклучувајќи ги корисниците/чките со ограничени технолошки можности. Целата софистицирана работа, како енкрипцијата на уредот, енкрипциите во преносот, маскирањето на апликацијата и брзото бришење на осетливите податоци, се одвива во позадина, со малку или без потреба корисниците да ги разбираат тие технички аспекти. Достапна е само за корисниците/чките на Андроид уредите.

 

Оценете го квалитетот на статијата