Зошто ознаките им се важни на медиумите и како тие правилно се користат

08.07.2022. / 09:30
Автор/ка
ew
ew

Посетеноста на медиумот, популарноста и репутацијата што медиумот ги има кај читателите/ките зависат од квалитетот на информациите и од видот на содржината што ја објавува.

Но, тоа не е единствениот фактор.

Постојат и некои елементи, што се невидливи на прв поглед, но кога се собрани заедно овозможуваат добро корисничко искуство. Меѓу овие детали се SEO и навигацијата на веб страницата, рубриките или категорииите и ознаките (таговите).

Што се ознаки?

Ознаките се еден вид на метаподатоци. Статијата со вести обично има метаподатоци, како што се авторот на објавата, временските ознаки и информациите за тоа во која категорија на веб страници припаѓа (како на пример вести, бизнис, култура итн.). Ознаките, кои често се нарекуваат теми или клучни зборови, ги надополнуваат.

Ознаките се користат за создавање на збирки на содржини за определени теми. Покрај тоа, тие ја зголемуваат релевантноста при пребарувањето на веб страницата. Што всушност треба да значи релевантност при пребарувањето”? Ако бараме информации од определен кантон, едноставно ќе ги пронајдеме со влегување во категоријата што ги содржи сите вести од бараниот кантон. Но, што треба да направиме ако ни требаат само информации за локалните избори во тој кантон? Е тука треба да ни помогне ознаката.

Во категории или ознаки, каде што да се стави?

Категориите (или како што претходно ги опишавме, старите добри рубрики) служат и за оптимизација и за организирање на структурата на веб страницата.

Медиумите кои ги покриваат општите вести, можат да ги користат само категориите како што се политика, спорт, животен стил, наука. Специјализираните медиуми ќе бидат попрецизни во определувањето на категориите на содржини. Секоја статија се вклопува во некоја категорија.

Ова е одличен начин за организирана структура на веб страницата, но тоа значи дека статиите за различни теми ќе завршат во иста категорија на содржина. Статијата спаѓа во категоријата светска политика, но тоа не ни кажува дали се работи за европска политика, за односот меѓу Америка и Европа, дали се работи за некоја криза или за вообичаени политички активности. Ова го решаваме со ознаки за содржината или тагови.

Кога користиме ознаки на веб страницата, ги користиме по клуч:

1.     клучен збор

2.     тема

3.     предмет

Во секојдневната медиумска практика, користењето на ознаки според сите овие параметри е прикажано на сликата подолу.

sa

Веста од која ќе почнеме беше објавена во почетокот на јули 2022 година. На дното на веста се наоѓаат сите ознаки кои се релевантни за содржината што се наоѓа во оваа вест. Кога ќе кликнеме на една ознака (јас кликнав на Сребреница”), добиваме список на сите вести во кои се споменува Сребреница, а кои некогаш биле објавени на овој портал. Вака ги гледаме и вестите од архивата од 2011 година.

Она што е важно е дека јас кликнав на ознаката Сребреница, што може да значи дека ме интересираат вестите за локалните избори во Сребреница, вести за културата, за спортските активности, за инфраструктурните проекти. Ознаката Геноцид во Сребреницае тема која има посебна ознака.

Според кои правила се користат ознаките за содржина во медиумите?

Пред да пристапиме кон начинот на кој ќе ја означуваме (тагираме) содржината, мораме правилно да ги дефинираме ознаките. Дали ќе пишуваме ЕУ или Европска унија, РХ или Република Хрватска или Хрватска, ковид или COVID... Најчесто не се работи за правилен или погрешен избор, туку за клучните зборови кои според контекстот највеќе му одговараат на вашиот медиум и на неговата публика.

Уште една важна забелешка е да се избегнува ознаката и категоријата на содржина да се нарекуваат исто. Со ова се акумулира непотребна содржина на веб страницата. Ако веќе имате категорија Спорт, нема потреба во самата категорија да се наоѓа ознака спорт.” Ниту за читателите/ките ниту за класификацијата на содржината ова не е корисна поделба.

Кој ќе ги избира ознаките за секое парче од содржината? Практиката покажува дека исклучиво човечкиот пристап не е добар. Користењето на софтвер на кој медиумот може целосно да се потпре исто така не се покажало добро. Комбинацијата на софтвер (или вештачка интелигенција) и на човечки труд се покажало како најдобар пристап.

Како The New York Times ја означува содржината?

Како што наведува IPTC, Times користи категоризација која се базира на правила, наместо чисто статистичко или рачно означување, за да им додели метаподатоци на сите објавени содржини, вклучувајќи статии, видеозаписи, слајдови и интерактивни функции.

Класификацијата која се базира на правила вклучува користење на софтвер. Софтверот ја анализира содржината според зададените правила и предлага ознаки врз основа на тоа колку добро тие им одговараат на условите на тие правила. Овие правила може да ги земат во предвид работите како што се:

  • зачестеноста на зборовите или на фразите во содржината
  • позицијата на зборовите или на фразите дали фразата се појавува во насловот или во главниот параграф
  • комбинацијата на зборовите што се појавуваат во иста реченица
  • минималната количина на имиња или на фрази поврзани со субјектот кои се појавуваат во содржината.

За разлика од многу други медиуми кои користат ваква класификација, The New York Times додава и човечки надзор на означувањето на содржината. Иако софтверот предлага релевантни термини, ознаките не и се доделуваат на статијата сѐ додека некој во редакцијата не ги избере ознаките од тој список и не и ги додели на определената содржина.

New York Times има долга историја на користење на метаподатоци. Секоја статија што е објавена од основањето на The Times во 1851 година содржи метаподатоци. Но, во Times содржината не се означува само поради традицијата.

Jennifer Parrucci, виша таксономистка во New York Times, вели дека ознаките играат важна улога во денешната редакција. Тие се користат за создавање на збирки на содржини и за испраќање на предупредувања за определени теми. Освен тоа, ознаките помагаат да се зголеми релевантноста при пребарувањето на веб страницата и формираат препораки за содржина за читателите/ките, а се користат и за следење на известувањето од редакцијата, за откривање на архивите и за рекламирање.

Како да знаете дали ги користите ознаките на добар начин?

Сакате да знаете дали добро сте ги дефинирале и сте ги користеле ознаките во вашиот медиум?

Замислете дека од овој момент поминале 15 години и дека вие пребарувате определена тема за некое поголемо истражување. Побарајте ја таа тема со помош на ознаките и видете дали поделбата е добра, дали е доволно детална и дали можете да ги најдете сите вести со помош на токму таа ознака? Јавете ни што откривте!

Оценете го квалитетот на статијата