Нека ви е среќен Меѓународниот ден на жените и Месецот на женската историја! Balkansmedia.org во текот на месец март ќе ги претстави и ќе прослави само неколку од милионите жени во медиумите кои секојдневно ги уриваат бариерите и го трасираат патот за младите генерации на новинарки и на медиумски работнички. Програмата на USAID за помош на медиумите на Балканот (BMAP), која ја имплементира Internews во партнерство со FHI 360, со особено задоволство може да се пофали со соработката со одлични новинарки, уреднички и директорки на медиуми ширум Балканот. Решивме да се здружиме со илустраторката Лејла Ахмедспахиќ, една од илустраторките која работеше и на проектот #ŽeneBiH и да креираме 6 илустрации за 6 неверојатни медиумски работнички на Балканот за да ве запознаеме со жените во медиумите и надвор од рамките на вашите држави и за да им дадеме надеж на младите генерации на медиумски работнички дека не се сами, дека имаат поддршка и дека имаат темели од кои можат да почнат. Една од лошите страни на историјата е и таа дека од неа постојано се бришат жените кои го менувале светот, но нашата цел, како и целта на многу други е да памтиме, да пишуваме и да се потсетуваме на хероините од минатото, како и на оние од времето во кое живееме. Се присетуваме и на првата новинарка од БиХ Милена Мразовиќ, албанско-американската новинарка Неџмие Заими, црногорската новинарка Зага Беркуљан, македонската новинарка Веселинка Малинска како и српската новинарка Нада Маринковиќ. Жените на Балканот најчесто ги сретнуваме во улогата на новинарки, а многу ретко во улогите на директорки, главни уреднички и членки на управувачките структури на медиумите. Ние сакаме да ви ги претставиме жените кои, храбро како оние пред нив, ги бришат границите и создаваат некои нови норми на медиумското делување во регионот.

Вилдана Селимбеговиќ – Главна и одговорна уредничка и директорка, Oslobođenje, Босна и Херцеговина
Маријана Бојаниќ – Извршна директорка, ТВ Vijesti и Daily Press, Црна Гора
Мирјана Милутиновиќ - Извршна директорка, Радио Kontakt Plus, Косово
Гордана Бјелетиќ – Главна и одговорна уредничка, Južne Vesti, Србија
Јелена Васиќ – Новинарка и координаторка на проекти, KRIK, Србија
Ана Анастасовска – Главна уредничка на онлајн изданието, Слободен печат, Македонија